За нас
Villa LD - Skopje,

Вила ЛД - Скопје е модерна и удобна Вила лоцирана во Скопје, која Ви овозможува сместување со максимална удобност во чисти и целосно опремени соби и апартмани со модерен и високо квалитетен мебел. Вилата се наоѓа во мирно и тивко подрачје на Скопје, Македонија, на само 10 минути пешачење од центарот на градот и 200 метри од Државниот Клинички Центар Скопје. Локацијата на вилата ќе Ви овозможи прекрасно уживање и релаксација, изолирани од градската врева. Вила ЛД е една од најдобрите македонски вили, каде ќе уживате за време на вашиот престој во Скопје.

Собите се модерно опремени со високо квалитетен мебел, климатизирани, со бањи и џакузи, LCD телевизор со кабелска телевизија итн. Вила ЛД нуди сместување со бесплатен безжичен интернет - WiFi и бесплатен приватен паркинг со видео надзор. Сите соби во Вила ЛД се климатизирани, имаат LCD телевизор со кабелски канали, приватни бањи со тушеви, балкони со прекрасен поглед. Постои заедничка кујна на располагање на гостите. Најблиската самопослуга е само на 50 метри од објектот. Различни ресторани и барови се достапни во рамките на 3 минути пешачење. Превоз од / до аеродромот е можно на барање и на дополнителен трошок.

Што Нудиме

  • Пријавување: 14:00; Одјавување: 12:00
  • Бесплатен Wi-Fi Интернет во сите соби
  • Приемни услуги: 24-часовна рецепција
  • Заеднички простории: Градина, Тераса, Кујна

  • LCD ТВ со Кабелска телевизија
  • Заеднички компјутер
  • Место за јадење во собите: маса со столици
  • Бесплатен приватен паркин со видео надзор
  • Парно греење, Климатизација

  • Бесплатен приватен паркин со видео надзор
  • Мини маркет во близина
  • На непосредна близина од 200м од Државниот Клинички Центар Скопје
  • Останато: Соби за непушачи, Фамилијарни соби,